Анчелоти: Верувам во победа бидејќи ние сме - Реал Мадрид!

Карло Анчелоти утре очекува уште една еуфорична ноќ на Сантијаго Бернабеу, тој верува во своите фудбалери дека ќе му донесат на Реал Мадрид уште едно финале во Лигата на шампионите.

Реал Мадрид и Баерн Минхен утре го играат реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите, првиот меч заврши нерешено, 2-2.

Карло Анчелоти денеска ја оддржа редовната прес-конференција пред утрешниот натпревар.

„Многу сме возбудени и мотивирани за утрешниот натпревар, ќе дадеме се од себе да се пласираме во финалето од Лигата на шампионите“, вели Анчелоти.

„Имаме голема почит за Баерн, тоа е клуб со голема историја и традиција. Очекуваме уште една еуфорична ноќ на Бернабеу“.

„Секогаш имам голема верба бидејќи ние сме Реал Мадрид. Го имам најдобриот состав, тимот игра многу добро оваа сезона. Фановите се неверојатни и денеска е момент за уживање, а утре е момент за да бидеме фокусирани“.

„Кога е мојата фудбалска филозофија? Мојата идеја е дека треба да се прилагодите на карактеристиките на вашите фудбалери“.