Охрид се засили со повратникот Наум Костов!
23-годишниот ракометар по година ипол се враќа во Охрид, во меѓувреме настапуваше за Аеродром и Куманово. Во двата клуба покажа одлични игри, секогаш беше меѓу најдобрите стрелци и главен предводник во екипите, па амбициозниот клуб од крај езерото реши да го врати.
„Со задоволство го прифатив повикот од тренерот и управата да бидам дел од клубот. Охрид е мој матичен клуб, каде започнав да играм ракомет и ги поминав сите младински категории, па така знам какво задоволство претставува да се игра пред домашната публика и Рибари. Се надевам на добра и успешна сезона, изјави Костов.
Покрај Костов, охриѓани официјално се засилија и со Дејан Кукуловски, а договорени се и доаѓањата на голманот Градимир Чаневски, како и српскиот кружен напаѓач Живан Пешиќ.