Спектакуларен кам-бек на Куманово - од минус три до реми за помалку од минута
Гостите од Скопје во поголемиот дел од натпреварот имаа резултатска предност, која во неколку наврати достигнуваше и шест гола. Куманово, сепак, остана во игра и постепено ја намалуваше разликата.
Мулти Есенс во последната минута влезе со предност од три гола, но домашниот состав успеа да искористи неколку грешки на противникот и со серија погодоци да дојде до израмнување. Последниот напад му припадна на Куманово, а Наум Костов го постигна голот за конечни 33-33.
Костов беше и најефикасен ракометар на натпреварот со 12 погодоци, додека Омар постигна девет. Кај Мулти Есенс, Матевски се истакна со 10 гола.