Maкедонија не е во плановите на Илоски - сака да игра за САД! (ВИДЕО)

Милан Илоски по одличниот настап кој го имаше за Филаделфија Унион и хет-трикот против Орландо стави крај на надежите дека може да заигра за македонската репрезентација.

Илоски во изјава за американските новинари јасно кажа дека негова цел во иднина е да дојде до репрезентацијата на САД.

„Сите знаат дека сум конкурентен, секогаш се туркам на што е можно подобро ниво. Себеси во иднина се гледам како дел од репрезентацијата на САД во одреден момент. Ја сакам оваа земја и би ми било чест да ја претставувам“, порача Илоски.

Сезонава Илоски е и помеѓу најдобрите стрелци во МЛС лигата со 16 постигнати гола, четири помалку од Меси.