Србија ѝ се закани на Холандија во Белград, но повторно загуби (ВИДЕО)
Холанѓаните беа подобар противник, но Србија која одигра подобро отколку во првото коло против Грција на моменти знаеше да биде опасна и да им создаде проблеми на гостите.
По иницијативата и нападите, Холандија резултатот го отвори во 30-тата минута кога најстрогата казна во гол ја претвори Мердинк. Тоа беше и единствениот погодок во првиот дел.
Селекторот Пауновиќ на стартот од вториот дел во игра ги уфрли Тадиќ и Јовиќ, а токму напаѓачот на АЕК веднаш во 46-тата минута се најде на вистинското место во петерецот и постигна гол за израмнување.
По израмнувањето на Србија, Холандија продолжи да биде подобриот тим на теренот и нов гол постигна на 20-тина минути пред крајот и повторно стрелаше Мердинк.
Во вториот натпревар од најсилната лига кој се играше во истиот термин Данска го совлада Велс со 2-0, додека во дуелот од „Б“ лигата Австрија беше подобра од Косово со 3-1.