Погба додека играше често глумеше на терен, а сега принудно тоа ќе го прави и на филм!

Францускиот интернационалец, Пол Погба, веќе подолг период е надвор од теренот, прво поради повреди, а потоа и поради четиригодишната суспензија по допинг-скандал, поради што реши да почне да прави други работи во животот меѓу кои е и да - сними филм.

Некогашниот репрезентативец на Франција и додека беше на теренот важеше за врвен „актер“ со своите театрални потези при изнудување пенали, прекршоци, картони, па дури и изведување казнени удари, па сега тој свој талент ќе го пренесе каде што реално и ќе му треба.„Паризиен“ објави дека Погба ќе има улога во филмот „4 нули“ на режисерот Фабиен Онтениенте, кој е е продолжување на филмот „3 нули“, кој во 2002 година привлече повеќе од 1.2 милиони гледачи. Погба ќе ја има улогата на тренер на младинскиот тим, а во главна улога е талентиран тинејер од Коморските Острови, кој е означен како новиот Килијан Мбапе и сонува да стане ѕвезда на ПСЖ.

Планот е филмот да заврши со снимање на 14 мај на Корзика, а премиерата би можела да се очекува во април следната година. Погба падна на допинг тест во август 2023 година и во февруари му беше изречена суспензијата поради користење на недозволени средства. Иако има договор со Јувентус до 2026 година во овој момент неговата плата е „замрзната“ и нема примања од клубот. Тој поднесе жалба до Спортскиот суд за арабитража во Лозана и доколку биде прифатена постои можност казната да му се намали.