Ќе помине време додека биде изречена пресудата: Судењето на Сити почнува во „блиска иднина“

Првиот човек на Премиер лигата, Ричард Мастерс изјави дека сослушувањето за 115. точки од обвинението во случајот против Манчестер Сити ќе биде одржано во „блиска иднина“.

Никој, па ни тој самиот не посочи кога би било тоа иако цела британска јавност очекува каква судбина ќе доживее најдобриот тим на Островот во последната деценија и актуелен освојувач на тројната круна. Сити се товари дека ги прекршил правилата на Финансискиот ферплеј, истрагата е почнатаа уште во 2018 година, а контролирани се одлуки и работење на клубот уште од 2009 година.

Како што стојат работите, оваа сезона ќе заврши без конечна пресуда, но прашање е и дали воопшто ќе почне судењето против Сити. Со оглед на тоа што ретроградно не може да се влијае на освоените трофеи, ако тимот од Манчестер ја одбрани титулата во Премиер лигата, таа, како и претходните, нема да можат да му бидат одземени.