Тен Хаг постави негативен рекорд - ова е најлошиот Јунајтед во историјата!

Манчестер јунајтед доживеа дебакл на гостувањето кај Кристал Палас со 0-4 во 35. коло од англиската Премиерлига, а со тоа постави негативен рекорд.

Тренерот Ерик Тен Хаг не успеа да го разбуди заспаниот гигант, а поразот од Кристал Палас беше 13. неуспех оваа сезона за „црвените ѓаволи“.

„Ѓаволите“ за првпат во историјата загубија 13 натпревари во една сезона во Премиерлигата и дефинитивно покажаа дека ова е најлошиот Јунајтед во историјата.

Исто така, премиерлигашот за првпат прими 81 гол во една сезона по 1976/77, но до крајот имаат уште три меча и тоа може да биде уште полош крај на сезоната за тимот.