Мурињо сака втора шанса, ама тешко дека ќе ја добие

Славниот португалски стручњак Жозе Мурињо би сакал вторпат во кариерата да го води Манчестер Јунајтед.

Тој беше избркан од Олд Трафорд во декември 2018 година, но постојано потенцира дека не ја добил вистинската шанса, односно многу брзо било одлучено да си замине. Пред свои пријатели, тој истакна дека би сакал пак да седне на клупата на премиерлигашот, а како најголем адут го истакнал пријателството со новиот ко-сопственик на клубот Џим Ретклиф.

Сепак, британските медиуми се уверени дека нема да дојде до нова соработка, дури и Ерик Тен Хаг да добие отказ на крајот од сезоната. Мурињо речиси една деценија нема добри резултати со клубовите кои ги води, а во оваа состојба, кога Сити и Арсенал се милји пред Јунајтед, никој не верува дека токму Португалецот може да го врати на шампионските патеки.