Просинечки посочи дел од најдобрите фудбалери од поранешна Југославија

Хрватската фудбалска легенда, Роберт Просинечки доби тешко прашање, да каже кои се најдобрите фудбалери на овие простори на сите времиња.

На Просинечки не му беше лесно да каже, но сепак посочи неколку имиња.

„Тешко е да се одбере најдобар. Ако сега кажам Дејан Савичевиќ, луѓето ќе мислат дека го бирам бидејќи ми е претседател. Имаше многу одлични фудбалери на овие простори, голем дел од нив ги одбележаа своите генерации. Генерацијата на Хрватска беше полна, да не зборуваме за времето на Црвена Звезда… Потоа и во репрезентацијата на Југославија играчи направија врвни кариери, со години беа во најголемите клубови на светот.

Еден од најдобрите со сигурност е Дејо, тука се и Шукер, Бобан, Папе Сушиќ… Ова се фудбалери кои ми паднаа на памет набрзина. Не сакам никој да се налути. Тоа беа играчи кои го одбележаа светскиот фудбал, а не само во Југославија“, изјави Просинечки.