Слот не доаѓа сам во Ливерпул, со себе ќе понесе и неколку играчи на Феенорд

Се поизвесно е дека актуелниот тренер на Феенорд, Арне Слот идната сезона ќе го води Ливерпул, но англиските медиуми тврдат дека тој на Енфилд нема да се пресели сам.

Во комбинација се неколку фудбалери на тимот од Ротердам иако веројатно не е можно сите кои се во комбинација да се преселат во Ливерпул. Во прв план се Дејвид Ханко и Лутсхарел Гертруда, но вториот од нив е поверојатна опција во моментов. Кога станува збор за играчите од средниот ред, можно е во Ливерпул да замине 24-годишниот Матс Вифер кој сезонава игра во одлична форма.

И од нападот има неколку интересни играчи. Пред се Калвин Стенгс кој не е класичен шпиц, туку игра зад напаѓачите, но добро се снаоѓа и на крилните позиции. Се разбира, тука е и Сантијаго Хименес кој на 29 натпревари сезонава во холандското првенство постигна 21 гол.