„Златната топка“ на Марадона од 1986 година оди на аукција во јуни

Аргентинската легенда Диего Армандо Марадона ја освои „Златната топка“ во 1986 година, а истата ќе биде понудена на аукција во Франција во јуни, но засега не е потврдена нејзината вредност.

Наградата му припадна неколку месеци по одличниот настап на Светското првенство (СП), кога Аргентина во финалето победи против Западна Германија со 3-2.

Засега не е објавена почетната цена за престижната награда, меѓутоа се очекува сумата да достигне неколку милиони евра.