Евролигашки судија кој често судел во Скопје фатен во дрска кражба на парфем (ВИДЕО)

Реномираниот кошаркарски судија од Словенија, Матеј Болтаузер, кој во минатото често судел во Скопје на средбите од Јадранскаталига, се најде во центар на голем скандал, откако е фатен како краде парфем на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

нцидентот се случил кон крајот на минатата година, кога тој се враќал дома по евролигашката пресметка помеѓу Партизан и Монако. Тој од една од аеродромските продавници украл вреден 220 евра, но за негова несреќа таа била добро обезбедена, па полицијата на аеродромот го фатила на дело и веднаш го привела. Болтаузер веднаш сфатил дека нема каде да бега и се одлучил за најбезболната опција за него - да го признае делото и да се договори за да добие полесна казна.

Скандалот излезе на површина речиси пет месеци откако се случил и тоа со објавување видео-снимка од безбедносната камера и тоа преку порталите врз кои влијание има првиот човек на Црвена Звезда, Небојшта Човиќ. Ова се сфаќа како притисок врз Болтаузер, но и врз неговите колеги, во пресрет на плејофот од АБА-лигата ако не прифатат да играат по „бараните ноти“.

Видео снимката од кражбата можете да ја видите на следниов ЛИНК.