Аталанта се враќа со големи три бода од Салерно! (ВИДЕО)

Аталанта со пресврт дојде до победа на гостувањето кај Салернитана од 2-1, исклучително значајни три бода за тимот од Бергамо во борбата за место кое води во Лигата на шампионите.

Аталанта му гостуваше на веќе испаднатиот тим на Салернитана и требаше да ги впише планираните три бода од овој дуел, тоа се случи, но не беше едноставно.

Салернитана поведе уште во 18. минута го гол на Чауона. Тоа беше и резултатот од првото полувреме, 1-0 за домаќините.

Домаќините водството го држеа до 57. минута кога по асистенција со глава на Пашалиќ, Скамака изедначи на 1-1.

Шест минути подоцна Копмајнерс со удар од далечина погоди за комплетен пресврт и победа на Аталанта од 2-1.