Терзиќ: Со добар план и борба можеме да го поминеме ПСЖ!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е свесен дека утре ќе имаат исклучително тешка задача во Париз да ја одбранат предноста од првиот меч против ПСЖ.

Утре Борусија Дортмунд со водство од 1-0 ќе го почне реванш полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ.

„Сѐ треба да направиме заедно, со добар план, со добра идеја. ПСЖ сигурно ќе биде подобар од минатата недела. Ние сакаме да го заработиме овој тикет за финалето. Ќе се бориме заедно за тоа“, вели Един Терзиќ.