Ужас: Фудбалер нападнат во трговски центар со - киселина! (ВИДЕО)

Ужасни информации доаѓаат од Малезија, каде што фудбалерот Фејсал Халим се здобил со изгореници од втор степен откако бил нападнат со киселина во трговски центар.

Халим има изгореници по вратот, рамената, дланките и стомакот и во моментов е во болница, а инцидентот го осуди претставник на клубот Селангор, Хајван Халими.

„Го осудувам ова насилство и ја повикувам полицијата да ги приведе напаѓачите“, кажа Халими.