Шкупи: Претседателот на ФФМ е канцерот на македонскиот фудбал!
Иако победија во Струга, чаирчани го освоија третото место во првенството и не обезбеди пласман во европските купови за оваа сезона.
„Чекавме да завршат натпреварите за да зборуваме за многу работи. Прво им честитаме на играчите и стручниот штаб на Струга затоа што никој не може да ги игнорира нивните напори, меѓутоа не ѝ честитаме на Струга како клуб и никогаш нема да го направиме тоа.
За жал, во оваа земја трофеите не се освојуваат, туку се купуваат. Ќе ѝ го покажеме ова на цела Македонија наскоро. Претседателот на ФФМ нема што да му даде на фудбалот, само му прави штета. Ако темата е фудбалот во државата, тогаш мора да се ослободиме од актуелниот претседател на ФФМ. Се крие зад политика, го користи името преку политика, а некогаш ја штити политиката за нејзини интереси, а не фудбалот. Тој е рак на фудбалот.
Ќе споделиме детали со јавноста во следната недела. Никој нема да избега од одговорност ако се крие зад политика и ако игра нечисти игри. Ќе донесеме сериозни одлуки за иднината на Шкупи и ќе ги споделиме причините со јавноста“, стои во соопштението од Шкупи.