Како некогаш славниот Рожерио Сени – голман даде гол од слободен удар! (ВИДЕО)

Необична сцена доаѓа од руската втора лига, каде што голманот на Урал, Селиков, го привлече вниманието со фантастичен погодок од слободен удар на натпреварот против Чељабинск.

При резултат 1-1, судијата досуди слободен удар за гостинскиот тим, а одговорноста да го изведе прекинот ја презеде голманот Селиков. Тој испрати мајсторски удар кон противничкиот гол и постигна прекрасен погодок, каков што ретко се гледа на фудбалските терени.

Со овој гол тој потсети на легендарниот бразилски голман на голот на Сао Паоло, Рожерио Сени кој беше познат како мајстор за слободни удар и често постигнуваше голови.