Работнички продолжува да биде перфектен во домашното првенство и денеска на свој терен беше подобар од Куманово со резултат 70-63.

Куманово кој во дуелот влезе со две победи во низа имаше свои моменти, меѓутоа во најголем дел од дуелот домаќините беа подобриот тим на паркетот и заслужено ги освоија бодовите.

По почетното водство на Работнички кое најмногу одеше до четири поени разлика, Куманово во последните моменти од првиот период направи пресврт и поведе со 19-18. Втората четвртина помина со често менување на предноста за на одмор да води Работнички со 36-33. Не се промени многу сликата и во третиот период, па домашната екипа во последниот период влезе со два поени предност и на семафорот стоеше 53-51.

Во последната четвртина каде што се одлучуваше дуелот Работнички одигра и најдобро и констатно ја чуваше предноста на своја страна, па така го запишаа четвртиот триумф по исто толку натпревари.

Така заедно со актуелниот шампион МЗТ останаа двете екипи со максимален учинок, додека Куманово е на учинок од две победи и две нерешени средби. Најефикасен кај Работнички беше Виктор Ефремовски кој средбата ја заврши со 17 поени, додека Роберт Рикиќ додаде 12. На спротивната страна Адем Мекиќ уфрли 18.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Кожуф го победи Тиквеш со 90-81.