Реми со Кенија и пораз од Чад за фудбалерите до 15 години во Баку
Избраниците на македонската селекција имаа предност од 2:1, но по долга акција на противникот и грешка во нашата игра, Кенија успеа да стигне до израмнување и да освои бод. Стрелци на головите за Македонија беа Јетмир Асани и Хамза Зубери.
Претходно нашата селекција одигра и уште еден дуел кој го загубивме Чад со 2:1.
Во тој натпревар поведовме со 1-0, но Чад успеа да израмни, а во последните десет секунди од натпреварот го постигна и победничкиот гол за конечни 2-1.
На отворањето на шампионатот, пак, ќе потсетиме, Македонија одигра одличен натпревар и славеше убедлива победа од 4:1 против Панама.