Крај на сите дилеми: Куртоа дефинитивно не брани во Ел Класико

Реал Мадрид, сепак, ќе мора да се снајде без Тибо Куртоа на големото дерби против Барселона, откако белгискиот голман дефинитивно отпадна од комбинација за настап поради грип.

Иако постоеше надеж дека искусниот чувар на мрежата ќе успее да се опорави навреме и да му се приклучи на тимот во Барселона, тоа нема да се случи. Здравствената состојба на Куртоа не му дозволува да настапи на еден од најважните натпревари во сезоната.

Експедицијата на Реал за Каталонија замина без својот прв голман, но Белгиецот најавил дека е можно да отпатува сам, ако состојбата му буде подобра. Тоа, сепак, не се случи и Куртоа ќе мора од дома да го проследи натпреварот. Ова е сериозен удар за тренерот на Реал Мадрид, бидејќи искусниот чувар на мрежата е еден од најважните во тимот на Реал. Неговите интервенции често прават разлика во клучните моменти, а отсуството на голман од негов калибар секогаш претставува дополнителен предизвик пред дуел со лут ривал.

Местото меѓу стативите се очекува да го заземе Андриј Лунин. Украинскиот голман сега ќе добие голема одговорност, со задача да го надомести отсуството на првиот избор и да му помогне на Реал во битката против каталонскиот гигант.