Се разбуди Даглас Луиз, Јувентус го доби Лече (ВИДЕО)
Тимот на Лучијано Спалети ги реши главните прашања уште пред паузата, постигнувајќи два гола во првото полувреме.
Гостите поведоа во 29. минута. Даглас Луиз испрати центаршут во противничкиот шеснаесетник, а Вестон Мекени се најде на вистинското место и ја затресе мрежата за 0-1.
Јувентус имаше можност и порано да ја зголеми предноста, но Коло Муани не ја искористи својата шанса. Сепак, во 41. минута следуваше нов удар за домашниот состав. Даглас Луиз се одлучи за шут од далечина, од околу 20 метри, и со прецизен удар го совлада Фалконе за 0-2.
По двата примени гола, Лече не успеа да најде начин да го загрози водството на гостите. Јувентус мирно го одигра второто полувреме, а домаќините добија дополнителен проблем кога Гаспар беше исклучен и мораа да продолжат со десетмина фудбалери.
Така, Јувентус стигна до три бода и по осум одиграни кола има вкупно 14, доволно за седмото место на табелата. Лече, пак, останува со девет бода на 12. позиција.