Барди: Едно време бев подобар од Меси во Ла Лига

Македонскиот репрезентативец Енис Барди стана еден од најважните фудбалери на Трабзонспор, а во интервју за турските медиуми зборуваше за различни теми, меѓу кои и за неговото време поминато во Шпанија.

Додека беше во Ла Лига имаше и споредби со еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси по процент на постигнати голови од слободни удари.

„Кога играв во Шпанија, имав постигнато седум голови од 25 удари, додека Меси погоди осум пати од 52 прекини. Кога ќе го погледнете процентот, едно време бев подобар од Лео. Искрено, мило ми е што ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери во историјата“, кажа Барди.

Трабзонспор во моментов е на третата позиција во турската Суперлига, додека македонскиот фудбалер постигна пет голови и пет асистенции на 35 настапи за екипата.

Целото интервју на македонскиот репрезентативец може да се прочита ТУКА