Барди е подобар изведувач на слободни удари дури и од Меси (ВИДЕО)

Енис Барди ја крена шпанската фудбалска јавност на нозе со блесокот на натпреварот против Атлетик Билбао. Нашиот репрезентативец постигна два гола од слободен удар во 43-тата и 45-тата минута за да му донесе водство на Леванте од 1-2 и да го остави „Сан Мамеш“ без зборови.

Интернет страницата „Опта“, која се занимава со фудбалска статистика објави дека Енис Барди е најдобриот изведувач на слободни удари во Ла Лига оваа сезона. Тој од 15 обиди од слободен удар има постигнато четири голови, што процентуално го прави најдобар изведувач. 

Меси има шест голови од слободен удар, но од дури 46 шутеви, додека Кристијано Роналдо нема ниту еден од 14 обиди.

Барди стана и првиот фудбалер во Ла Лига, што постигнал два гола од слободен удар на еден натпревар уште од 2012 година. Последен на кого му успеало вакво нешто е Бењат Ечебарија против Севилја пред шест години.