Алкараз погодуваше од секаде и за само 69 минути дојде до триумф во Мадрид (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, се пласира во третата рунда на мастерсот во Мадрид, откако вечерва премногу лесно Александар Шевченко (Казахстан) со 6-2, 6-1.

На поранешниот најдобар светски тенисер му требаа само 69 минути да потсети на квалитетот што го поседува. Шпанецот направи брејк уште во првиот гем со што ја најаву убедливата победа.

Алкараз го освои мастерсот во Индијан Велс оваа година и стигна до четвртфиналето на мастерсот во Мајами и нема одиграно официјален натпревар од крајот на март. Тој во следното коло на турнирот во Мадрид ќе ги одмери силите против Бразилецот Тијаго Сибот.