Растат шансите на Мурињо да се врати во Реал
Шпанските медиуми тврдат дека иако Флорентино Перез на почетокот бил категорично против оваа идеја, сега сериозно ги разгледува сите опции. Мурињо на своите соработници јасно им порачал дека е отворен за враќање во Реал, па Флорентино Перез наскоро ќе одлучи дали ќе му даде уште шанса да ја доврши работата од пред 13 години.
Интересно е тоа што, според Ел Мундо, Перез јасно истакнал дека одлуката за новиот тренер ќе ја донесе сам, без притоа да се консултира со некого во клубот. Ако се одлучи за Мурињо, тоа нема да биде првпат да врати тренер бидејќи истото го направи и со Карло Анчелоти кој го водеше Реал од 2013 до 2015 и потоа од 2021 до 2025 година.
Мурињо беше тренер на Реал од 2010 до 2013 година и во тој период освои само три трофеи: по еден во Ла Лига, Копа дел Реј и шпанскиот Суперкуп, а неславно си замина бидејќи не ги оправда очекувањата на навивачите за крај на 11-годишниот пост во Лигата на шампионите и во последната сезона имаше дури 15 бода заостаннување зад Барселона, предводена од Тито Виланова.