Бизарно: Јокиќ по натпреварот со Минесота останал и без - гаќи!

Кошаркарите на Минесота славеа убедлива победа над Денвер со 112-96, а Јокиќ се соочил со проблем и по натпреварот во соблекувалната.

Според информациите на дел од медиумите во САД на Јокиќ му бил украден долниот веш. Како што пренесува новинарот на „Атлетик“, Џејсон Квик, српскиот центар се пожалил во соблекувалната.

„Некој ми ги украл гаќите“, изјавил Јокиќ, видно вознемирен, додека ги барал низ соблекувалната.

Тој бил во неверување, фрустриран и шокиран, а на крајот и не успеал да ги пронајде. Средбата Јокиќ ја заврши со 24 поени, 15 асистенции и девет скокови, а Денвер во серијата губи со 3-1.