Фернандез го урна Лидс, Челси закажа финале со Сити (ВИДЕО)
Челси зад себе има разочарувачка сезона и речиси сигурно нема да го гледаме во Лигата на шампиони следната година, па евентуалниот трофеј во најстарото фудбалско натпреварување во светот би можел да биде единствена утеха. До него ги дели само уште една, но и најтешка пречка.
Сити вчера по пресврт во финишот успеа да го совлада Саутемптон со 2:1 и така ја продолжи трката по уште еден трофеј, чекајќи го својот противник во финалето.
„Сините“ од Лондон денеска имаа доста проблеми, но сепак успеаја да стигнат до финалето преку Лидс.
Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат во 23. минута по брза контра на Челси. Педро Нето продре по десната страна и одлично центрираше, а на топката налета Енцо Фернандез, кој со глава ја смести во мрежата на тимот од Јоркшир.
🚩 Live: Chelsea 1-0 Leeds
— Goals Clips (@goalzclips) April 26, 2026
⚽️ Goal: Fernandez (23')
🎯 Neto pic.twitter.com/1vJr7ZerN8