Историја во Лондон: Двајца атлетичари го завршија маратонот за помалку од 2 часа!

Денеска беше испишана историја на маратонот во Лондон, каде што 30-годишниот Кениец, Себастијан Саве стана првиот атлетичар кој истрчал маратон под два часа во официјална трка.

Кениецот ја заврши трката со време од 1:59.30, што е една минута побрзо од легендарниот Келвин Киптум, кој во 2023 година имаше време од 2.00.35.

Елиуд Кипчоге во 2019 година успеа да ја пробие границата од два часа, но неговиот резултат не беше признат како официјален рекорд.

Импресивен е податокот дека уште еден атлетичар заврши со време под два часа, а тоа е Јомиф Кејелча кој заврши втор со време од 1:59.41.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BBC SPORT (@bbcsport)

Фото: EPA