Навивач го нападна Гвардиола: Е*и се, ми го уништи животот! (ВИДЕО)

Манчестер сити се пласира во финале на ФА-купот откако славеше со 2-1 против Саутемптон, а пред натпреварот се случи необична ситуација која привлече големо внимание.

По симнувањето од автобусот, еден навивач почна да вика по Гвардиола и да бара од него да му дозволи на Арсенал да ја освои Премиер лигата.

„Пеп, дај му на Артета да ја освои лигата. Ти освои доволно. Дај му на Артета да освои нешто. Е*и се, те мразам. Ми го уништи животот“, викаше навивачот по Гвардиола.