Македонец спектакуларно погоди од 25 метри - од слободен удар (ВИДЕО)

Македонскиот повремен фудбалски репрезентативец, Димитар Митровски, постигна спектакуларен погодок од слободен удар, но и покрај тоа неговата Олимпија Љубљана загуби на гостувањето кај Копер (2-3) во меч од словенечкиот шампионат.

Тој погоди во 71. минута, кога со феноменално прецизен удар од околу 25 метри ја намали предноста на домаќините на 1-2. Неговиот погодок беше највпечатливиот момент на натпреварот и сигурно еден од најатрактивните сезонава во Словенија.

„Змајчеки“ потоа дури и изедначија на 2-2, но домашниот тим погоди во самиот финиш и дојде до трите бода. Митровски минатото лето пристигна во Љубљана по две сезони минати во дресот на хрватски Вараждин.