Фернандеш откри: Ги одбив саудиските милиони за да останам во Манчестер Јунајтед!

Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш беше на излезни врати од Манчестер јунајтед минатото лето, но искусниот фудбалер реши да остане во премиерлигашот и да ги одбие богатите понуди од Саудиска Арабија.

Фернандеш ја „отвори душата“ и призна дека добил голема понуда од С. Арабија, меѓутоа решил да остане на „Олд Трафорд“.

„Останав затоа што сметав дека сè уште имам што да му дадам на овој тим. Понудата од С. Арабија беше огромна, ми понудија многу пари. Сепак, јас и мојата сопруга бевме цврсти во одлуката да останеме. Не сакаме да бидеме најбогатите луѓе во светот. Таа ме праша дали сум си ги остварил соништата, а токму тоа ме натера да сфатам дека не сакам да го напуштам Јунајтед кога беше во проблеми“, кажа Фернандеш.

Фото: Facebook/Manchester United