Нов голем успех за Ивановски - победа на полумаратонот во Дубровник!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари уште една голема победа, откако беше најбрз на полумаратонот во Дубровник, Хрватска.

Ивановски ја заврши трката на 21 километар со време од 1:06.30, односно зад себе ги остави Силвије Томац со време од 1:14.05 и Жељко Цота со време 1:14.23.

Нашиот атлетичар продолжува со извонредните настапи, а ова е уште еден голем успех откако минатата недела заврши на втората позиција на маратонот во Белград, со заостанување од само 24 секунди зад Гудет Гемсис од Етиопија.