Предвремен крај на една ера: Салах го одигра последниот меч во дресот на Ливерпул?!
Напаѓачот мораше да излезе од игра во второто полувреме поради истегнување на задната ложа, при што видливо разочаран го напушти теренот на „Енфилд“. Салах тргна во препознатлив продор по десната страна и со атрактивно додавање со петица го пронајде Доминик Собослаи во шеснаесетникот. Но, веднаш дојде молк – тој само се спушти на тревникот, држејќи се за левата нога, а неговиот поглед кон небото навести дека не може да продолжи.
Египќанецот беше поздравен со аплауз од целиот стадион, додека тој возврати кон трибините, можеби и за последен пат по 439 настапи и 257 голови во дресот на Ливерпул. По натпреварот, менаџерот Arne Slot изјави дека сè уште не е позната сериозноста на повредата. Салах веќе подолг период е поврзуван со заминување од клубот, а според најавите неговата деветгодишна епизода во Ливерпул би можела да заврши на 24 мај.
ФОТО: EPA PHOTO