Скандал ја тресе Италија: Шефот на судиите под истрага за голема измама!
Роки, кој е задолжен за делегирање на судии во Серија А и Серија Б, е осомничен дека влијаел врз арбитрите и ВАР-собата.
Извори од истрагата откриваат дека Роки повеќе пати влијаел врз изборот на судии и ВАР-одлуки. Најтешкиот дел од обвинувањата се однесуваат на дуелот меѓу Болоња и Интер одигран на 20 април минатата година.
Обвинителството смета дека Роки имал влијание и при одредување на судии во полуфиналето на италијанскиот Куп, а третиот случај е поврзан за натпреварот меѓу Удинезе и Парма од 2025 година и снимка од ВАР-собата.
Иако истрагата не значи дека тој е виновен, сепак истата предизвика земјотрес на Апенините и наскоро треба случајот да биде расчистен.
Фото: EPA