Месталја го слави Димитриевски: Столе со спектакуларна одбрана ја спаси Валенсија (ВИДЕО)
Огромен придонес за победата има македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски кој во финишот имаше спектакуларна одбрана. При водстгво од 2-1 на неговиот тим, на десетина секунди пред истекот на основните 90 минути, Столе го запре ударот од 5-6 метри на Стуани и со тоа спречи израмнување на резултатот.
Претходно, Валенсија водеше со 2-0 го головите на Рамазани и Садик, а неизвесноста ја врати Рока во 63. минута. Сепак, домаќините ја задржаа предноста и предводени од Димитриевски дојдоа до посакуваната победа која ги носи на 11. позиција со пет повеќе од Севилја која е 18-пласирана.