Арсенал се врати на врвот, ама не ја поправи гол-разликата (ВИДЕО)
Единствениот стрелец и херој на победата на Арсенал беше Еберечи Езе, кој постигна прекрасен гол во првото полувреме од натпреварот. Со оваа победа „топчиите“ се вратија на врвот на табелата во англиското првенство, но поради минималната победа, предноста во гол-разликата пред Манчестер Сити изнесува само еден гол.
Њукасл ја продолжи својата серија порази и сега е во серија од три порази во англиското првенство. За среќа, учесникот во Лигата на шампионите од овааа сезона се уште е далеку од зоната за испаѓање и се чини дека ќе обезбеди опстанок.