Меси и Суарез имаат кошмари од противничкиот голман – само реми за Интер Мајами (ВИДЕО)
За составот од Флорида ова беше четврто нерешена средба сезонава по десет одиграни натпревари, со што тимот се наоѓа на второто место во Источната конференција. Гостите поведоа во 56. минута преку Карлес Хил, кој реализираше по асистенција на Дор Тургеман. Интер Мајами успеа да израмни во 76. минута, кога Херман Бертерам го постави конечниот резултат. Клучна улога во освојувањето на бодот за гостите имаше голманот Мет Тарнер, кој со неколку значајни интервенции ја потврди својата одлична форма.
Целиот меч за Интер Мајами го одиграа ветераните Лионел Меси и Луис Суарез, додека забележителен настап имаше и аргентинскиот репрезентативец Родриго Де Пол. За Њу Ингланд, пак, ова беше прво реми сезонава по девет одиграни натпревари и во моментов се наоѓа на четвртата позиција во Источната конференција.
ФОТО: FB - InterMiamiCF