Славјето во Загреб може да почне, Динамо ја врати шампионската титула!

Фудбалерите на Динамо Загреб се шампиони на Хрватска, откако на четири кола пред крајот на првенството обезбедија недостижна предност од 12 бода во однос на второпласираниот Хајдук Сплит бидејќи имаат и подобар меѓусебен скор

За гигантот од Загреб ова е 26. шампионска титула во Хрватска. Воедно, ова е и враќање на титулата во Загреб, откако Ријека минатата сезона го прекина седумгодишниот шампионски низ на Динамо.

Во прилог на Динамо им одеше денешното реми меѓу Ријека и Хајдук (0-0), со што сплитскиот клуб ги загуби и теоретските шанси да го стигне лидерот на табелата, па славјето во Загреб можеше да почне и пред денешниот натпревар на новиот шампион против Вараждин.