Oмерагиќ денеска со хет-трикот прослави и јубилеј! (ФОТО)

Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ денеска одигра одличен натпревар за Вардар против Тиквеш во кој постигна хет-трик во второто полувреме, а во овој дуел прослави и јубилеј.

Омерагиќ сите три гола ги постигна во период од 20-тина минути во второто полувреме од 61. до 82. Минута.

Пред натпреварот, напаѓачот на „црвено-црните“ доби и признание од Вардар за 100 одиграни натпревари во „црвено-црниот“ дрес.

Ќе потсетиме, вардарци денеска ја изедначија својата најубедлива победа оваа сезона од дуелот со Шкупи и славеа со 7-0.