Послатко за Звезда не можеше, го прегази Партизан и ја потврди титулата! (ВИДЕО)
Пред натпреварот на Звезда и бод ѝ беше доволен за математички да ја обезбеди титулата, а црвено-белите издоминираа на теренот.
Резултатот го отвори Страхиња Ераковиќ кој погоди по 18 минути игра на асистенција од Катаи и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
Во второто полувреме продолжи подобрата игра на избраниците на Станковиќ, па со уште по еден гол на Авдиќ и Соу Јонг Ву го потврдија триумфот.