Јокиќ под истрага на НБА лигата
За време на четвртиот натпревар од серијата, кој Тимбервулвс го добија и поведоа со 3-1, во финишот се појавија тензии и покрај тоа што победникот веќе беше решен. Во еден момент, српскиот центар тргна да се тепа со Џејден Мекдениелс, а ситуацијата речиси ескалираше во посериозна физичка пресметка во која се вклучија и другите кошаркари на двете страни.
Според новинарот Шемс Чаранија, лигата започна официјална истрага за инцидентот. Како што објави ЕСПН, процесот вклучува интервјуа со вклучените, вклучувајќи ги играчите и судиите, како и детална анализа на видео снимките.
Се очекува НБА наскоро да донесе одлука за евентуални санкции, а сè треба да биде познато пред петтиот натпревар од серијата, кој е закажан за утре вечер во Денвер.