Тотално лудило во Шпанија: Голманот на Сарагоса нокаутира противнички играч (ВИДЕО)

Од се по малку можеше да се види на денешниот натпревар од втората шпанска лига помеѓу Уеска и Сарагоса.

Главен актер во хаосот беше голманот на Сарагоса, Естебан Андрада кој прво турна еден противнички фудбалер за што доби втор жолт и автоматски црвен картон. Бесен поради исклучувањето, се врати да ја доврши работата и го нокаутира истиот играч со удар во главата. Дури и неговите соиграчи се обидоа да го спречат да направи глупост, но не успеаја.

Овој потег создаде огромна гужва, во теренот влегоа голем број фудбалери и не се знаеше кој кого удира и што точно се случува.

За својот испад, голманот на Сарагоса се соочува со долга суспензија поради насилно однесување, но знаејќи ги чудните правила во шпанскиот фудбал, можеби ќе се извлече со поблага казна.