Фудбалерите на Вардар одиграа одличен натпревар и на арената попладнево го декласираа Тиквеш со убедливи 7-0.

Победата за домаќините беше обезбедена уште во првото полувреме во кое вардарци постигнаа четири гола. Цветковиќ ја отвори серијата по само три минути игра, потоа во 25-тата минута стрелаше Закариќ, а четири минути подоцна Велковски зголеми на 3-0.

Пред крајот на првиот дел и Јанкулов се запиша во листата на стрелци за четврти гол во мрежата на гостите од Кавадарци. Проблемите за Тиквеш дополнително се зголемија кога во последните минути од првиот дел исклучување за работи Тасев.

Така доминацијата на Вардар продолжи и во второто полувреме, а тука на сцена стапи Омерагиќ кој запиша хет-трик со голови од 61-та до 82. минута за вистински дебакл на Тиквеш. За Вардар ова беше и израмнување на најубедливата победа сезонава, со истиот резултат претходно „црвено-црните“ славеа и со шкупи.

Во вториот натпревар кој се играше во Струмица Пелистер победи со 1-0 и така освои важни бодови во битката за опстанок и има четири повеќе од Работнички и пет од Македонија Ѓорче Петров, Брера е осма со бод повеќе.