„Викаа дека сум луд кога тврдев дека Интер е најдобар“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри уште еднаш изјави дека Интер заслужено е шампион на Италија затоа што бил најдобар во текот на сезоната.

Во најавата за новото коло во Серија А, тој потсети на своите зборови од пред почетокот на сезоната кога првпат рече дека Интер е најдобар.

„Не знам дали Интер е најсилен тим во Италија во последните три години, но треба да сме реални и да кажеме дека е над останатите. Кога тврдев дека е најдобар оваа сезона, викаа дека сум луд“, изјави Алегри.

Интер стана шампион на Италија на пет кола пред крајот на сезоната откако во понеделникот го победи градскиот ривал Милан.