Иванишевиќ првпат откри детали за прекинот на соработката со Ѓоковиќ!

Легендарниот Горан Иванишевиќ, кој во последно време е актуелен и како доскорешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, деновиве ги минува на егзибициска ревија во центарот на Загреб, каде зборуваше за многу теми поврзани со тенисот.

Меѓу другото, Хрватот првпат кажа детали за тоа како изгледало раскинувањето на соработката со Ѓоковиќ.

„Тоа не беше нешто стресно за мене. Мислам, сè уште бев тренер на најдобриот тенисер во светот. Еден од најголемите спортисти на сите времиња. Кога се справуваше со стрес и такви работи. Бевме на многу убаво место во Индијан Велс, направивме убав муабет. Имавме тешки пет години од нашата соработка и секакви глупости - корона и се. Значи, мило ми е на крајот на денот, тоа веќе го кажав, што отидов во Америка. За што разговаравме. Има многу работи што сакав да ги кажам. Што сакаше да ми каже. Се разделивме како пријатели и секогаш ќе бидеме пријатели и навистина преживеавме многу“, изјави Иванишевиќ.

Тој откри дека Новак неодамна го поканил да му биде гостин во Мадрид на доделувањето на наградите Лауреус.

„Да, дури и ме покани да дојдам без разлика што веќе не соработувавме, но за жал не можев, имав некои обврски. Жал ми е поради тоа. Таа 2023 година е посебна. Можеби најдобрата година во историјата на тенисот. Три гренслема, една топка за освојување на сите четири гренслемови. Фасцинантна година и работа и мило ми е што бев таму“, дополни Иванишевиќ.