Ѓорчепетровки против ривал од Исланд во Европскиот Куп

Македонските женски ракометни тимови ги добија своите ривали во второто коло во Европскиот Куп на ЕХФ. 

Шампионот Ѓорче Петров доби ривал од Исланд во името на КА Пор. Куманово пак ќе се сретне со изралескиот тим Рамт Ган.

Металург и Чаир добија ривали од соседството, па така тимот од Автокоманда ќе игра против грчки ПАОК, а чаирчанки ќе се соочат со Истогу од Косово. 

Првите натпревари се закажани за 8/9 октомври, додека реваншите се една недела подоцна.