ЕХФ се прави „на Тошо“: Мечот во Скопје бил одложен од - безбедносни причини!?
Краткото соопштение објавени на официјалната интернет страница е во најмала рака скандалозно бидејќи не соодветствува со вистината и се она што се случуваше вечерва во „Борис Трајковски“.
„Натпреварот од финалето на Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК е откажан поради безбедносни причини“, објави ЕХФ.
Нејасно е чија безбедност била загрозена ако се знае дека грчките ракометари во ниеден момент не беа во опасност од домашните навивачи, играчите на двете екипи мирно се загреваа, а проблемот настана поради интерни несогласувања меѓу претседателот на АЕК и фановите на клубот.