ЕХФ го прогласи најдобриот тим, ама дополнително ќе каже кој е ракометар на сезоната!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска, го објави најдобриот тим на сезоната како дел од годишните награди„ EHF Excellence Awards 2025“, со кои се оддава признание на најдобрите ракометари во изминатата натпреварувачка година.

Во тимот доминираат ракометари на светскиот шампион Данска, а од Балканот има еден претставник.

Лево крило: Емил Јакобсен (Данска, СГ Фленсбург-Хандевит)

Лев бек: Феликс Клар (Шведска, СЦ Магдебург)

Среден бек: Гисли Кристјансон (Исланд, СЦ Магдебург)

Десен бек: Матијас Гидсел (Данска, Фиксе Берлин)

Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска, ОТП Банк – ПИК Сегед)

Пивот: Лудовик Фабргас (Франција, Веспрем)

Голман: Емил Нилсен (Данска, Барселона)

Одбранбен играч: Магнус Сагструп (Данска, СЦ Магдебург)

Гласањето за избор на тимот траеше од 18 до 23 јуни, при што еднакво учество имаа играчите, тренерите, ракометните новинари и навивачите – секоја група имаше по 25-отсто од вкупниот резултат. За секоја од осумте позиции беа номинирани по шестмина играчи, врз основа на нивните настапи на клупско и репрезентативно ниво.

Следниот чекор во овој процес ќе биде изборот на Најкорисен ракометар (МВП) и Млад играч на сезоната, кои ќе бидат прогласени за време на ждрепката за групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите, што ќе се одржи во петок (15 часот) во Виена.