Со убедлива победа на Бутел стартуваше новата сезона во ракометната Суперлига
Домашнниот ја оправда фаворитската улога и го совлада МРК Куманово со 29-12. Од самиот старт Бутел тргна агресивно и брзо дојде до солидна предност. На паузата водството на Бутел изнесуваше осум разлика (13-5).
Не се промени сликата ниту во вториот дел, па така отворено беше само прашањето со колкава разлика Бутел ќе слави.
Предводници во победничкиот табор беа Николов и Михајловиќ со по шест постигнати погодоци. На спротивната страна Дамјан Јакимовски пет пати ја затресе мрежата.